По три години Перез и Ред Бул ја прекинаа соработката

Мексиканскиот возач во Формула 1 (Ф1), Серхио Перез повеќе не е член на Ред Бул, потврди тој на своите социјални мрежи. На вчерашен ден во 2021 година, Перез потпиша договор со тимот, а по точно три години се збогува од него како двократен конструкторски шампион.

Првично тој во јуни го продолжи договорот до 2026 година, но по преговорите по завршувањето на сезоната дојде до договорен раскин на соработката.

Во првата сезона Перез беше четврти во генералниот пласман, а во следните две сезони напредуваше за по едно место, па најблиску до титулата беше лани, кога го освои второто место.

Во сезоната што е зад нас тој беше доста лош, за што сведочи осмото место во генералниот пласман, поради што и Ред Бул го освои третото место во поредокот кај конструкторите, зад Мекларен и Ферари.

„Неверојатно сум благодарен за минатите четири години со Ред Бул и можноста да се тркам со таков неверојатен тим. Таму возењето беше незаборавно искуство и секогаш ќе ги ценам успесите што ги постигнавме заедно. Соборувавме рекорди, имавме значајни пресвртници, а јас имав привилегија да запознам многу неверојатни луѓе“, напиша Перез на X.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО