Европската Суперлига во фудбал повторно се враќа, но сега под името Обединета лига (Unify League). Според информациите на англискиот новинар, Бен Џејкобс, новата верзија на поделената Суперлига би имала четири нивоа на конкуренција.
Минаа три години откако првичната идеја за европска Суперлига беше набрзина згасната по само 48 часа и лавината негативни реакции од навивачите ширум Европа.
Сега промоторите на лигата, компанијата А22, се враќа со нов концепт на натпреварувањето. Новиот формат предлага 96 тима кои ќе се натпреваруваат во четири меѓусебно поврзани нивоа, обезбедувајќи дека пласманот се засновува на заслуги, а не на автоматско вклучување.
📣NEWS: Today, we submitted our proposal for official recognition of a new European competition to UEFA and FIFA: introducing the Unify League, with modified qualification system based on domestic league performance.https://t.co/M72nhYtJ2o
Watch CEO Bernd Reichart explain: pic.twitter.com/yN81V5NVcI— A22 Sports (@A22Sports) December 17, 2024
На највисоко ниво, односно во првата лига, која би се викала Ѕвездена лига, би играле 16 клуба поделени во две групи од по осум тима, кои би играле натпревари дома и на гости. Идентична структура би имала и второто по ранг натпреварување, Златната лига со уште 16 екипи.
Најдобрите осум екипи од двете групи во Ѕвездената лига потоа ќе се квалификуваат за четвртфиналните двомечи. Натпреварувањето би кулминирало со фајнл-форот каде што полуфиналните и финалињата со еден натпревар би го одредиле евентуалниот шампион.
Во двете пониски лиги, во Сината и во Заедничката, би имало четири групи со по осум тима.
За разлика од првиот и многу критикуван концепт на Суперлигата, во кој влезот им беше загарантиран на 12-те „бунтовници“, во оваа сите места ќе се одредуваат според пласманите во домашните првенства.
Победниците од Ѕвездената и од Златната лига, кои ќе бидат познати по плеј-офот, следната сезона ќе имаат загарантирано место во елитниот ранг. Лигашката фаза треба да трае од септември до април.
Имајќи ги предвид нокаут-фазите, победниците би одиграле вкупно 18 натпревари, со сличен формат за двете пониски лиги.
„Внимателно слушавме широк спектар на клубови, лиги и навивачи и со овие промени веруваме дека имаме голема поддршка. Во овој момент не очекуваме јавна поддршка од клубовите, логично е тоа да дојде по официјалното признавање на Лигата“, рече Џон Хан, ко-основачот на А22.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не беше воодушевен од новиот и проширен формат на Лигата на шампиони (ЛШ) и смета дека промените не донеле ништо ново. Тој не е задоволен од преголемиот број натпревари, а за се’ проговори пред нешто помалку од еден месец на генералното собрание на Реал Мадрид.
– Новиот формат на Лигата на шампиони е неправеден. Никој не го разбира. Има повеќе натпревари, а вредноста на секој од нив е намалена за 30 проценти. Има повеќе натпревари, но безвредни. Ова е натпреварување кое предизвикува возбуда само на крајот, никако од почетокот, рече тој.
– Пооптимист сум од кога било. Европскиот суд на правдата донесе историска одлука. Монополот на УЕФА е завршен. Ова е нешто огромно, со сите притисоци и закани што го придружуваат. Горди сме што се бориме за Суперлигата. Ние сакаме да ја вратиме големината на фудбалот, сегашниот систем не функционира, а моментот е критичен.