Никола Јокиќ продолжи да го прави тоа што го прави цела сезона! Најдобриот кошаркар на планетата уште еднаш забележа трипл-дабл, овој пат во Сакраменто, во драматичен натпревар што беше решен во последните секунди со победа на Денвер од 130:129!
Јокиќ го оствари 140-от трипл-дабл во кариерата со 20 поени, 14 скока и 13 асистенции. На Јокиќ не му „одеше“ шутот во текот на целиот натпревар, но во последниот дел покажа зошто е трикратен МВП во НБА!
Кога беше најтешко, топката отиде во неговите раце. Иако до тој момент ги промаши сите шутеви за три поени, во моментите кога Денвер беше на минус од два поена, на 30 секунди до крајот, Јокиќ постигна тројка со која ја врати предноста на Денвер. Сакраменто одговори преку Демар Дерузан, кој имаше одлично забивање.
Потоа повторно на сцена стапи Јокиќ, овојпат во тандем со Џамал Мареј, кој на осум секунди до крајот погоди исклучително тежок удар, со кој му врати половина кош предност на Денвер.
JAMAL MURRAY FOR THE WIN.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 17, 2024
Тоа се покажаа како последени кошеви на натпреварот будејќи во следниот напад Денвер одигра одлична одбрана, го принуди Дерузан да изведе тежок удар, што го промаши, а победата му припадна на тимот од Колорадо.
Ова не беше најдобрата шутерска вечер за Јокиќ, кој шутираше 42,3 отсто од поле (8/19, 1/6 тројки). Процентот на успешност значително го крена во последниот дел, кога ги погоди најважните удари и го врати Денвер во игра кога се чинеше дека е загубен, по водството на Сакраменто од 10 поени, на четири минути до крајот.
Џамал Мареј постигна 28, Арон Гордон 24 поени, додека кај Сакраменто се истакнаа Домантас Сабонис со 28 поени и 14 скока, Диерон Фокс кој постигна 29 поени и Малик Монк со постигнатите 25 поени.