Беса објави дека Бобан Бабунски е нивниот нов тренер, клубот изрази надеж дека тој ќе ги искачи погоре на табелата во ПМФЛ.
Беса ја искористи паузата меѓу двете полусезони за да направи тренерска промена, нов предводник на тимот е Бобан Бабунски.
– Со задоволство можеме да соопштиме дека постигнавме договор со добро познатиот тренер Бобан Бабунски. Веруваме дека тој ќе внесе позитивен дух и нова енергија во нашиот тим и ќе ни помогне да ги оствариме целите во новата сезона, стои во соопштението на Беса.
По одиграни 18 кола во ПМФЛ, Беса е на 10. место, тоа е позицијата која носи бараж за опстанок.