Пеп VS Аморим: Сити и Јунајтед во битка за Манчестер! (ФОТО)

Денеска Манчестер “гори“. Денеска од 17:30 часот на „Етихад“ во градската пресметка се среќаваат “ранетите“ Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Велиме “ранетите“ зошто и на двата гиганти во Премиер-лигата оваа сезона не им оди. За фановите на Јунајтед ова е по навика во последната деценија, но сите се фрапирани од настапите на составот на Пеп Гвардиола. Со еден збор тие се – очајни. На последните десет меча само една победа. Тоа е билансот на Пеп и Сити.

Пред само месец и половина, поточно на 5 ноември, во меч од Лигата на Шампионите новиот тренер на Јунајтед го понижи славниот Пеп. Тогаш Рубен Аморим како тренер на Спортинг Лисабон славеше со 4:1.

Тоа е минато, тоа е историја, а како игра Јунајтед и под водство на Португалецот, тешко дека овој резултат ќе се повтори и денеска. Не дека Сити игра нешто посебно, напротив, туку и Јунајтед е за секаква критика.

Сепак кога играат Сити и Јунајтед во Манчестер, па и во Англија тоа е главна тема во фудбалските кругови. Ова е шанса за една од овие две екипи со победа и добар настап на ова дерби да направи пресвртница оваа сезона.

Сити или Јунајтед? Пеп или Аморим?

Кој ли ќе се радува?

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО