Манчестер Сити минатата сезона оствари рекорден приход!

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити денеска соопшти дека во сезоната 2023/24. остварил рекорден приход од 715 милиони фунти (околу 865 милиони евра).

Приходите на Сити се зголемија за 2,2 милиони фунти по рекордот од минатата сезона од 712,8 милиони фунти.

Сити дојде до оваа сума во сезона кога не успеа да го повтори историскиот резултат – „тројната круна“ (Премиер лига, ФА Куп и Лига на шампиони) од сезоната 2022/23, но го освоија четвртиот последователен англиски шампионат, заедно со трофеи на Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

Од клубот изјавија дека трите главни извори на приход се – рекламирањето, приходите од денот на натпреварите и телевизиските права. Комерцијалните приходи благо се зголемија од 341,4 милиони фунти на 344,7 милиони фунти.

„На и надвор од теренот, нашата страст за следниот предизвик е поткрепена со обмислено и детално планирање и верба во културата на заедничко учење што ја изградивме. Овој организациски пристап сега е дел од нашата ДНК“, рече претседателот на Манчестер Сити, Калдун Ал. Мубарак.

Сити има профит од сезоната 2014/15, со исклучок на сезоната 2019/20, обележана со пандемијата на коронавирус.

Клубот од Манчестер е во резултатска криза, има само една победа од последните 10 натпревари, а се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата, со осум бода помалку од лидерот Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО