Квалификации за СП 2026: Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн

Во Цирих, Швајцарија денеска се одржа ждребката за квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во фудбал што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во периодот од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Македонија беше во третиот шешир и на ждрепката за ривали ги доби селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, во групата Ј. Квалификациите за пласман на СП 2026-та ќе почнат во март 2025-та.

Победниците од европските квалификациски групи (12) ќе се квалификуваат директно за СП, а 12-те второпласирани селекции и четирите победници во групите од Лигата на нации (ЛН), кои нема да се пласираат директно или нема да бидат втори во својата група, ќе си обезбедат дополнителни квалификации.

Од нив на СП ќе настапат уште четири репрезентации. Тој плеј-оф ќе се состои од четири патеки со по четири селекции кои ќе играат полуфинале и финале во март 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО