Манчестер Јунајтед одреди ниска трансфер цена за Рашфорд

Откако стана јасно дека времето на Маркус Рашфорд како член на Манчестер Јунајтед полека изминува, клубот реално и мораше да постави трансфер цена за која напаѓачот ќе си замине од својот матичен клуб.

Според пишувањето на Дејли меил, Рашфорд е слободен да замине од Јунајтед за 40 милиони фунти што реално во денешни трансфер услови за таков калибар на играч и не е така многу. Реално, Рашфорд и натаму е со статус на сериозен напаѓач кој има огромен договор, и кој е со статус на репрезентативец на Англија.

Токму платата која е 325.000 фунти неделно е и причината за нешто помалата продажна сума за напаѓачот. Очигледно дека Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од него, и тие пари да ги пренамени во некој нов шпиц играч кој ќе има далеку повече учинок од четирите гола на Рашфорд постигнати сезонава.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО