Душан Влаховиќ повторно ќе биде на мета на Арсенал во 2025 година. Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал во јануари повторно ќе се обиде да преговара за купување на Душан Влаховиќ.
Арсенал и оваа сезона има пробле со реализицијата, Микел Артета постојано го фали Каи Хаверц, но јасно е дека Габриел Жесус не ги оправда очекувањата.
Англиските медиуми истакнуваат дека Влаховиќ долго време е на мета на Арсенал кој го следи со месеци и потсетуваат дека има договор до 2026 година и дека Јувентус поради тоа ќе мора да преговара.
Исто така, се наведува дека Арсенал се свртел кон Влаховиќ поради тоа што тој може да биде достапен за 65 до 70 милиони евра, додека првата желба на Микел Артета, Александар Исак чени многу повеќе. Њукасл за него бара најмалку 120 милиони евра.
Англичаните наведуваат дека иако Арсенал ќе се обиде да го доведе во зимскиот преоден рок, пореални се шансите Влаховиќ да го напушти Јувентус во летото 2025 година.
Одамна е познато дека финансиите се камен на сопнување во преговорите меѓу Јувентус и Влаховиќ и дека нема поголеми случувања околу продолжувањето на соработката по 2026 година.
Влаховиќ оваа сезона постигна девет гола, со две асистенции на 17 натпревари, а англиските медиуми истакнуваат дека тој е идеалниот профил за системот на Артета, потсетувајќи дека во дресот на Јувентус постигнал вкупно 50 гола, со 11 асистенции на 118 натпревари.