Париз со лидерот Шортс е чудо, во Пиреја го победија Олимпијакос

Париз во 14. коло од Евролигата го совлада Олимпијакос со резултат 96:90 среде Пиреја. Со оваа победа актуелниот освојувач на Еврокупот докажа дека повеќе не е изненадување во Евролигата туку легитимен кандидат за место на завршниот турнир.

Избраниците на Тиаго Сплитер го задржаа првото место на табелата во Евролигата со ско 11-3, а против грчкиот тим забележаа неверојатна десетта победа во низа, додека Олимпијакос падна на 9-5 со вториот пораз во последните три натпревари.

 

Гостите на полувремето заминаа со +5, а потоа следуваше фуриозен трет период (24:16) кој на Париз му донесе предност од 13 поени. .

 

Играчите од Париз добро ја отворија последната четвртина, направија серија и стекнаа предност од 20 поени. И тука застана. Следуваа фуриозни три ипол минути на Олимпијакос и серија од 22:0 (во која Фурние постигна 11 поени).

 

Следуваше неверојатна завршница. Шортс погоди тројка за +4 на Париз, Олимпијакос успеа да изедначи, имаше дури и напад за водство, но Париз се одбрани, па на 20 секунди до крајот, Ло остана сам како дух и погоди тројка за +3. Тогаш тренерот на Париз реши да влезезе во пенал завршница и тоа му се испалтеше. Фурние промаши едно фрлање, а зонскиот пресинг на домаќините беше толку лош што Јантунен остана сам под обрачот за +4.

 

 

 

Фурние погоди тројка од едната нога на 6,5 секунди до крајот (-1), а Ло веднаш беше фаулиран. Германецот без проблем ги погоди и двете слободни, а Фурние потоа се лизна, му падна топката, а Хифи со тројка во последната секунда стави точка на натпреварот.

Ти Џеј Шортс со 21 поен и осум асистенции го предводеше Париз, Хифи постигна 20, додека Вард имаше 14 поени. Ло уфрли осум коша од кои пет во последните 20 секунди.

На другата страна трагичарот Фурние имаше 25 поени. Везенков постигна 18.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО