Кејн доби бронзена статуа вредна 8.600 евра, навивачите во шок: „Ова е како ноќна мора“

Напаѓачот на Англија и на Баерн Минхен, Хари Кејн, се запиша во историските книги на англискиот фудбал во март 2023 година, постигнувајќи пенал во победата против Италија (2:1), со што го надмина Вејн Руни и стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Кејн сега е овековечен и во физичка форма, во вид на бронзена статуа поставена пред спортскиот центар во Волтам форест, родното место на Кејн во северниот дел на Лондон.


Статуата е нарачана од општинската власт, нејзината изработка чинела 8.600 евра, а медиумите на Островот ја означуваат како „кошмарна“.

По убедливата победа против Р.Ирска (5:0), поранешната ѕвезда на Тотенхем се појави на презентацијата на статуата и ги сподели своите впечатоци на Х.

– Горд момент за мене, да се вратам таму каде што почна мојот фудбалски живот и да ја откријам статуата. Се надевам дека ќе ја инспирира следната генерација да работи напорно и да верува во себе, напиша Кејн.

Треба да се напомене дека статуата е направена пред половина деценија, но цело време собирала прашина во магацинот.

Исто така, треба да се напомене дека статуата на Кејн наиде на потсмев кај многу навивачи. „Ова е како ноќна мора. Се сомневам дека Кејн е задоволен од ова. Зошто неговата глава е толку голема. Зошто има козја брадичка?

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО