Реал Мадрид почна битка со челниците на Ла лига: „Како не ги видовте заканите со нож и смрт“?

Сагата на мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал продолжува. Натпреварот заврши нерешено (1:1), но по него повеќе се зборуваше за инцидентот што го предизвикаа навивачите на Атлетико кои фрлаа разни предмети кон Тибо Куртоа, поради што натпреварот беше прекинат.

Но, тоа не е се’. Реал испрати документ на 11 страници до Ла лига, во кој се наведени многу настани кои се случија на дербито, а кои Ла лига не ги вклучила во извештајот од натпреварот.

Шпанските медиуми јавуваат дека Реал пријавил поседување нож кој му бил одземен од навивач идентификуван како еден од тие што фрлале предмети кон голманот на Реал, за скандирањата „Куртоа, умри“, за расистичките навреди кон Винициус објавени на социјалните мрежи од фотографот Џордан Бајо, како и прославата на израмнувачкиот гол на играчите на Атлетико со навивачите, ултраси.

Ла лига за „АС“ изјави дека овие забелешки ќе бидат додадени во конечниот извештај кој ќе биде проследен до Шпанската фудбалска федерација за да може Комитетот за натпреварување да одлучи за санкциите што ќе биде изречени.

Инаку, ова е еден од првите случаи во кој гостински клуб поднесува жалби до Ла лига, што може да доведе до делумно или целосно затворање на стадионот на противникот.

Обично само домашниот клуб поднесува такви жалби за да избегне казна. Во врска со изоставувањето на инцидентите како што се нападот со нож или непристојните извици, Ла лига не даде прецизни објаснувања зошто се изоставени од извештајот напишан од делегатот на натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО