Шкендија го растури Вардар, Гачевски погоден со тврд предмет од публиката

Составот на Шкендија попладнево во Тетово одигра добар натпревар и брутално го победи Вардар со 4:0.

Во корист на Шкендија Тетово и одеше и нерешеното од натпреварот Струга – Гостивар, па со оваа победа против ривалот од Скопје, се вратија на челната позиција од ПМФЛ.

Шкендија уште во првиот дел ги отргна сите дилеми околу победникот. Серијата ја отвори Трумчи во третата минута, а потоа Ибраими и Ахмеди беа стрелци за домаќините за 3:0 до крајот на полувремето.

Потоа се поставуваше само едно прашање, колку ќе биде конечниот резултат, а него го постави Рамадан за конечни 4;0.

Треба да се потенцира дека на натпреварот имаше низа на проблеми за организаторот, односно инциденти предизвикани од навивачите, кои го погодија голманот на Вардар, Гачевски во глава со тврд предмет.

Од останатите натпревари:

Беса – Воска (1;0)
Струга – Гостивар (2:2)
Брера – Пелистер (4:0)
Тиквеш – Силекс (0:0)
Работнички – Шкупи (2:1).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО