Поранешен голман на Реал е најсериозен кандидат да го пополни местото на Тер Штеген

Капитенот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген заработи тешка повреда на коленото поради која ќе биде надвор од терените најмалку осум месеци. Германецот се повреди синоќа, во финишот на првиот дел на натпреварот со Виљареал.

Тер Штеген го повреди коленото кое двапати го оперираше, на почетокот и на крајот од сезоната 2020/21, поради што свесно реши да го пропушти Европското првенство.

Во оовј случај не страдаа предните вкрстени лигаменти, туку пателарната тетива, поради што треба да има уште една операција и уште подолга пауза.

Среќа во несреќата е што правилата во Ла Лига им дозволуваат на клубовите да донесат замена и надвор од преодниот рок, во случај кога лекарските извештаи потврдат дека повредениот фудбалер ќе отсуствува најмалку шест месеци.

Барселона ќе може да ангажира еден од слободните голмани.

Интересно, во игра е и Кејлор Навас, чиј договор со Пари Сен Жермен истече летово. Костариканецот не сакаше да замине во Саудиска Арабија, а не доби адекватни понуди од Европа, па се уште е без клуб.

Доколку Барселона го искористи правилот на Ла Лига и ангажира нов голман тој сепак нема да има право да брани во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО