Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го коментираше зголемениот број на натпревари во тенисот.
Карлос Алкараз го победи Бен Шелтон со 2-0 во директни сетови во саботата и изедначи дуелот на европскиот и светскиот тим на Лејвер купот во Берлин.
Алкараз по натпреварот изјави дека е среќен што можел да му помогне на својот тим да донесе победа.
Сепак, најголемо внимание привлече неговата изјава за зголемениот број на натпревари во тенисот.
-Во следните неколку години ќе имаме уште повеќе задолжителни турнири. Тоа ќе не убие на некој начин. Посакувам да имам повеќе слободно време, рече Карлос Алкараз.