Гвардиола за Арсенал: Ако кажам нешто, ќе значи дека играм некои игри

Дуелот меѓу Манчестер Сити и Арсенал е закажан за в недела од 17:30 часот, а тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола се осврна на лондонскиот тим, но овојпат беше внимателен во изјавите.

Шефот на стручниот штаб на Сити ја истакна разликата во тимот на Арсенал во однос на оваа и претходната сезона:

„Секоја сезона се посилни. Имаат „подлабок“ тим, имаат повеќе играчи со врвен квалитет. Секоја сезона тие стануваат се подобри и подобри“.

 

На прашањето што е клучот за напредокот на Арсенал, Гвардиола му го препушти одговорот на Артета со интересна забелешка:

„Треба да го прашате. Затоа што ако одговорам нешто, ќе речат дека играм некои „игри“. Имам високо мислење за него и неговиот тим, без сомнение во тоа. Тесно беше и претходните години, но ние бевме силни, силни сме и оваа година. Едвај го чекаме натпреварот“, изјави Гвардиола и додаде:

„Не ме бива за вакви „игри“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО