Ристовски: Ова е недозволиво, мораме што поскоро да го заборавиме овој пораз

Дебаклот на Динамо Загреб во Минхен е една од главните теми во фудбалските кругови, откако беа одиграни првите шест натпревар во новата сезона во Лигата на шампионите. .

Динамо загуби во Минхен од Баерн со 9:2, што е првпат една екипа да прими девет гола во најсилното натпреварување.

Стефан Ристовски беше особено депресивен по дебаклот. Тој е еден од најомилените играчи меѓу навивачите на Динамо не само поради неговите играчки квалитети, туку и поради неговата борбеност.

-Најпрво би сакал да им се извинам на сите навивачи на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат со нас. Не е лесно да се биде пред новинарите и да се коментира по ваков пораз. Мора да бидеме свесни дека ние не го претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Сега е најлесно да се впери прст во некого и да се каже дека некој е виновен. Само сплотени, заедно можеме да се извлечеме од оваа ситуација, им изјави поранешниот македонски репрезентативец на новинарите и дополни.

– Што и да кажам сега е премногу и премалку. Кога губиш и примаш девет парчиња… Ние сме искусни и долго време играме заедно, ова е недозволиво. Динамо со години го гради својот имиџ и ова е неприфатливо за сите нас. Имам само едно барање, да останеме сплотени, само така можеме да одиме напред, се надевам дека ова нема да остави трага на домашното првенство. Менталниот фактор е тука, но соблекувалната мора што поскоро да заборави. Но, тешко е да се заборави. Времето не ни дозволува да размислуваме премногу за ова. Имаме натпревар во домашното првенство во сабота и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО