Јамал: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Младата фудбалска шпанска сензација Ламине Јамал гостуваше во програмата Ел Хормингуеро во живо, каде откри многу интересни работи за неговиот живот, и колку се му се променил по освојувањето на титулата европски првак.

– Никогаш нема да ја напуштам Барселона бидејќи сакам да станам легенда на клубот. Споредбата со најдобриот во историјата Лионел Меси е неверојатна, но сакам луѓето да ме паметат како Ламине Јамал, изјави младиот фудбалер и откри што друго што му се допаѓа во каталонскиот клуб:

-Во клуб како Барселона те учат за животот. Имаме психолози и тие ме подготвуваат за живот, додава Јамал.

Младата ѕвезда на Барселона откри и како шпанската репрезентација го прославила европскиот трон.

-Сите заедно славевме, вклучувајќи ги и нашите семејства и пријателите. Најмногу ме воодушевија Унаи Симон и Алваро Мората, бидејќи мислев дека се сериозни луѓе. Најтешко ми беше што требаше да се разбудам во 9 часот следниот ден. Делував пијано, додаде Јамал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО