Навивачите на Дортмунд воодушевени – се врати Јирген Клоп

Навивачите на Борусија Дортмунд се воодушевени од присуството на Јирген Клоп на последниот тренинг на клубот.

Јирген Клоп се согласи да биде учесник на натпреварот кој ќе биде проштален на Лукаш Пишчек, некогашниот ас од Борусија Дортмунд.

Планиран е натпревар помеѓу двата тима на Борусија, а Клоп ќе биде тренер на екипата која ќе ја предводи Јакуб Блашиковски.

Клоп како тренер на Борусија Дортмунд, освои две Бундеслига титули во периодот од 2008 до 2015 година, освои и еден куп на Германија, два Суперкупа на Германија и играа во финалето од ЛШ, но беа поразени.

Во октомври 2015 година го презема Ливерпул и го водеше до нови успеси, им донесе титули во ЛШ и Премиерлигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО