Со натпреварот во Супер купот меѓу актуелниот шампион, Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид, вечерва официјално ќе биде отворена новата сезона во домашниот ракомет.
Ракометниот Супер куп меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид е за 19 часот во спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија.
Ова е седмо издание на македонскиот ракометен Супер куп во кој, со четири титули, најуспешен е Вардар 1961. Еурофарм Пелистер триумфираше двапати.
Во ланското издание, Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер во Струмица со 30:26.