Матс Хумелс ќе потпише за Рома

Матс Хумелс има нов клуб. Поранешниот германски репрезентативец во текот на денот ќе го стави потписот на договоорот со Рома. Хумелс е слободен играч од 1.јули кога му заврши договорот со Борусија Дортмунд.

Иконата на Борусија Дортмунд во финишот на минатата сезона се скара со тренерот Един Терзиќ. Тогаш клубот реши да не му понуди нов договор. На крајот и тренерот го напушти клубот.

Хумелс во кариерата одигра преку 500 натпревари за Борусија. Со „милионерите“ два пати беше првак на Германија и два пати играше финале во Лигата на шампионите.

Хумелс во текот на летото се поврзуваше со Болоња, Реал Сосиедад и Мајорка.

Германецот е второто засилување за по истекот на преодниот рок. Претходно, како слободен играч во клубот пристигна поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Марио Ермосо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО