Угарте објасни зошто се решил на трансфер во Манчестер Јунајтед

Мануел Угарте кој неодамна го напушти ПСЖ и се пресели во Манчестер Јунајтед, образложи која била причината за овој трансфер.

23 годишниот Угарте го комплетираше трансферот кај „црвените ѓаволи“, на последниот ден од трансфер периодот, за сума од 60 милиони евра.

– Првата и главна цел зошто дојдов овде, е големината на клубот, историјата, оставштината, бидејки сите знаеме колку голем клуб е Јунајтед, еден од најголемите во светот. Зборував и со Факундо Пелистри, тој ми зборуваше убави работи за клубот, за атмосферата која се генерира овде, за натпреварите на Олд Трафорд кои биле неверојатни.

– Така да, реков да и возбуден сум поради овој трансфер. Ќе играм на еден од најлегендарните стадиони во Европа, присуството на навивачите ќе биде екстра мотивација за мене. Исто така зборував и со Фернандеш и Мартинез, ми зборуваа повеќе работи, ме охрабрија да се приклучам на клубот, порача Угарте.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО