Играч на Валенсија уапсен поради сексуален напад!

Рафа Мир (27), напаѓачот на Валенсија, каде што игра на заем од Севилја, уапсен е поради сексуален напад. Шпанските медиуми пишуваат дека тоа било откриено откако не дошол на тренинг.

Наводниот сексуален напад го пријавиле две 25-годишни жени кои за тоа го обвиниле фудбалерот и неговиот пријател кој исто така е уапсен. Тие тврдат дека нападот се случил во куќата на Рафа Мир.

Од „Кадена СЕР“ посочуваат дека на жртвите во споменатиот напад им била потребна медицинска помош и оти им била укажана во болница.

„Марка“ пишува дека Мир ја минал ноќта во притвор во Валенсија и дека се очекува да биде изведен пред истражниот судија.

Мир дојде во Севилја дојде пред три години од Вулверхемтон за 16 милиони евра. За клубот од Андалузија тој одигра 105 натпревари и постигна 24 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО