Јасно е дека понекогаш тенисерите ги губат нервите и дека најлесниот начин да се ослободат од негативната енергија е да се скрши рекетот.
За ова судиите вообичаено ги опоменуваа тенисерките и тенисерите, а некои одат и чекор натаму, па дури и ги казнуваат играчите за тоа.
This is true about Yonex, yes, I think it’s uniquely a cultural thing for the Japanese company to have little patience for racquet smashing petulance.
Kyrgios, I know, has gotten chidings from Yonex execs for his racquet demolitions. https://t.co/5jtXcgtkNM
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) September 1, 2024
За ова зборуваше американскиот тенисер Бен Шелтон, кој има договор со компанијата „Јонекс“ кога е во прашање опремата.
Станува збор за јапонска компанија која многу се грижи за својот углед, и не поддржува никакви изливи на агресија и на гнев. Поради тоа тие за секој скршен рекет одземаат одредена сума пари од спонзорскиот договор со тенисер(к)ите.
Многу љубители на тенисот никогаш не знаеле или не слушнале за информацијата дека тенисер(к)ите можат да бидат казнети за такво нешто.
Не се знае колку пари им се земени на играчите, но и да е симболично, тоа го покажува односот на Јапонците кон недоличното однесување на спортските терени!