Горан Петрески поднесе оставка по двата пораза со Вардар

Ден по шокантниот пораз од екипата на Воска Спорт од 1Ч3, шефот на стручниот штаб на Вардар, Горан Петрески, заедно со помошнициет ја презедоа одговорноста за двата последовни пораза и поднесоа неотповиклива оставка, заблагодарувајќи се на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.

– Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата пораза во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овојпат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати, изјави Петрески.

Во претстојната репрезентативна пауза, Вардар повторно ќе има задача да бара ново решение за тренерската позиција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО