Маркез на пол-позицијата во Арагон

Марк Маркез продолжува со перфектни резултати во Арагон, во саботата стигна до пол-позицијата со време од 1.46.766.

Уште од првиот тренинг резултатите ја покажаа надмоќта на осумкратниот шампион. Во оквалификаците доминантно дојде до втората пол-позиција оваа сезона. Само тројца имаа помало заостанување од една секунда, но тие не беа ниту блиску до најбрзото време.

Зад него беше одличниот Педро Акоста, а од првиот ред ќе стартува актуелниот шампион Франческо Бања.

Веднаш од него се пласираше другиот голем претендент за титулата, Хорхе Мартин. Овие тројца имаа послаб резултат од Маркез за речиси девет десетинки.

Следуваа Алекс Маркез, Бред Биндер, Мигел Оливеира, Раул Фернандез и Жоан Зарко.

Спринт е на програмата од 15:00 часот, а Големата награда на Арагон ќе се вози в недела од 14 часот.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО