Дефанзивецот на Индепендиенте Томас Паласиос, е нов фудбалер на Интер.
Интер го откупи аргентинскиот фудбалер за сума од 6,5 милиони евра, плус бонуси кои ќе достигнат и до 4,5 милиони. Аргентинецот стави потпис на договор со важност до 30 јуни 2029 година.
Паласиос за Индепендиенте оваа сезона одигра 16 натпревари.