Помалку неочекувано, со само 34 години, Војчех Шчесни реши да стави крај на својата професионална кариера.
Имаше само 16 години кога полскиот голман заигра за Легија Варшава и кога пристигна во Лондон каде почна да тренира со академијата на Арсенал.
Низ годините, Шчесни помина осум години во дресот на Арсенал, за кои одигра 181 натпревари и освои два ФА Купа и Суперкуп на Англија (Комјунити). Во тој период, три пати беше на позајмица, еднаш во Брентфорд и два пати во Рома, за потоа да прејде во Јувентус.
Во славниот клуб од Торино дојде како наследник на Џиџи Буфон и таму помина цели седум години, каде беше редовен првотимец. Освои осум трофеи со нив, вклучувајки три пати Серија А.
Сите тие години бранеше и за репрезентацијата на Полска, за која забележа 84 натпревари. Присеќајки се на кариерата од сегашен аспект, Шчесни тврди:
– Ја напуштив Варшава во 2006 година и се преселив во Лондон во јуни, се со еден сон, да можам да живеам од фудбалот – и успеав во тоа, порача Шчесни.