Драма околу Панчево: Српски фудбалери спасувале патници од запален автомобил

Фудбалерите на Хајдук Дивош, откако убедливо оствариле победа на гостувањето во Панчево, спасувале на автопат во Србија патници од запален автомобил.

На влезот во Панчево, непосредно пред автобусот на фудбалскиот клуб Хајдук Дивош, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила.

Благодарение на присебноста на возачот, автобусот запрел само неколку метри од ризичното место и веднаш се вклучиле во помошта.

Играчите на овој клуб веднаш и несебично излетале од автобусот со цел да ги спасуваат патниците кои бегале од пламените јазици и благодарение на нивната брза реакција, ги извлекле неколкуте патници без посериозни повреди.

Физиотерапевтот на екипата веднаш им пружил помош на повредените и на тој начин биле спасени од кобен крај.

Ова е несекојдневен херојски чин на една екипа, со што само се покажува колку е важна солидарноста на автопатите при вакви несреќи.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО