Поранешниот фудбалер на Селтик, Мет О’Рајли потпиша договор со Брајтон до јуни 2029 година, соопшти англискиот Премиерлигаш. Британските медиуми наведуваат дека Брајтон за овој трансфер издвоил 30 милиони фунти.
О’Рајли (23) потекнува од Фулам, а потоа играше за Милтон Кејнс Донс пред да се пресели во Селтик, во 2022 година. За клубот од Глазгов одигра 124 натпревари и постигна 27 гола.
О’Рајли мина и низ младинските селекции на Англија, а потоа во 2022 година реши да игра за младата репрезентација на Данска (до 21 година). За А селекцијата на Данска одигра два меча.