Премиерлигашот, Челси ја почна сезоната со победа против Вулверхемптон 6:2 и со пораз од Манчестер сити, 0:2. Менаџерот на „сините“ од Лондон, Енцо Мареска полека го средува тимот и веќе најави дека ќе игра брз и „вертикален“ фудбал.
Но, тој има голем проблем бидејќи неговиот ростер е прегломазен. Челси има дури 50 играчи под договор, а Мареска проценил дека не му требаат дури 14, пишува англискиот „Токспоррт“.
„Бомбашкиот одред“, како што го нарекоа Англичаните, го сочинуваат следните играчи: Ромелу Лукаку, Кепа Аризабалага, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Тревох Чалоба, Ѓорѓе Петровиќ, Карни Чуквуемека, Дејвид Фофана, Армандо Броја, Анџело Габриел, Дејвид Вашингтон, Алекс Матос, Харви Вејл и Лукас Бергстром.
Кој каде ќе оди? Трансферот на Лукаку во Наполи е блиску до реализација, за 35 милиони евра. Голманот Кепа минатата сезона беше на заем во Реал Мадрид, најверојатно и сезонава ќе биде позајмен, но во многу послаб клуб, во англискиот Борнмут.
Ветераните, Бен Чилвел и Рахим Стерлинг би можеле да завршат во Манчестер јунајтед! Стоперот Тревох Чалоба порасна во фудбалската академија на Челси, но не е по „вкусот“ на Мареска. Напаѓачот Броја најверојатно ќе му се приклучи на Ипсвич.