(ВИДЕО) Сите очекуваа гол, но следуваше промашувањето на годината!

Челси го победи Сервет со 2:0 во првиот плеј-оф натпревар во Лигата на конференции (ЛК) и си обезбеди солидна предност пред реваншот во Швајцарија.

Победата на Челси можеше да биде поубедлива доколку не се случеше едно од побизарните промашувања во последно време, она што обично се опишува како 100 настотна шанса за гол.

Такво нешто му се случи на Марк Гиу (18) во 51. минута кога „пресече“ една топка, влезе во 16-те метри и непречен од никого го промаши празниот гол од пет, шест метри!


Неколку минути по таа шанса, за која статистичарите пресметале дека сс реализира во 94 отсто од случаите, тој се пресели од теренот на клупата за резерви.

Ова беше втор натпревар на младиот Шпанец, Гиу за Челси и прв во стартниот тим по трансферот од Барселона на почетокот на јули годинава. Лондонскиот клуб потпиша петгодишен договор со него за шест милиони евра.

Навивачите на клубот на социјалните мрежи го „посоветуваа“  да замине на заем во некој друг тим, опишувајќи го неговиот неуспешен обид како смешен, а него како срам.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО