(ВИДЕО) Тешко болниот Ериксон, објави проштална порака: „Таму можете да ја фрлите пепелта. Збогум“

Легендарниот шведски фудбалски тренер, Свен-Горан Ериксон (76) на почетокот од годината објави дека боледува од рак на панкреасот и објави дека му останува можеби уште една година живот.

Оттогаш тој ги предводеше легендите на Ливерпул против легендите на Ајакс на „Енфилд“, што беше една од неговите желби. Времето го минува со семејството, а неговите последни месеци ќе бидат прикажани во документарниот филм што го сними со „Амазон“ и ќе биде премиерно прикажан. во петок.


Во трејлерот има делови од документарецот, во кој тој зборува за тоа како го минува времето во родната Шведска, во Суне и како повторно се поврзува со своите деца.„Минуваме многу време заедно. Не бев најдобриот татко“, рече тој.

Живеел турбулентен живот, а пред неизбежната смрт, снимката го следи и до езерото Фрајкен, од каде што испратил своевидна проштална порака.


– Местово изгледа толку смирувачко, под планината каде што пораснал татко ми. Напред е Суне каде што сум роден и Томбс каде што пораснав.

Отсекогаш сум мислел дека ова езеро е прекрасно место за спиење, се чувствувам како дома. Во него може да се фрли пепелта, вели Ериксон во очекување на крајот од  животот.

Тоа не беше живот, туку бајка. Беше прекрасен, и на крајот морав да платам. Сите ние до смрт се плашиме од неа, но тоа е дел од животот, мора да научиме да ја прифатиме.

Се надевам дека луѓето ќе кажат дека сум добар човек, но не секој ќе го каже тоа. Се надевам дека ќе ме паметите како позитивно момче кое се трудеше да даде се’ од себе.

Не жалите, насмевнете се, ви благодарам за се’. Тренери, играчи, навивачи, беше фантастично, грижете се за себе и за својот живот. Збогум, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО