Брентфорд заинтересиран за дефанзивец на Ливерпул!

Холанѓанецот, Сеп ван нен Берг, 22-годишниот дефанзивен играч на Ливерпул е цел на Брентфорд, предводен од Томас Франк, кои се заинтересирани да го ангажираат во летниот трансфер рок.

Според Дејвид Орнштајн од Атлетик, Ван ден Берг е подготвен да ги напушти
„црвените“ кои го проценуваат на 20 милиони фунти.

Ван ден Берг му се приклучи на Ливерпул од Цволе во 2019 година, но потоа постојано беше на позајмица, во Престон Норт Енд, во Шалке и во Мајнц, но сега изгледа дека ќе му се приклучи на нов клуб и тоа трајно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО