Атлетико успеа да спаси бод против Вилјареал

Во рамките на 1. коло во шпанската Ла лига се одиграа уште два натпревара. Дуелот  Вилјареал – Атлетико Мадрид заврши, 2:2, а Валјадолид го совлада Еспањол со 1:0.

Избраниците на Диего Симеоне двапати беа во резултатска негатива, но на крајот успеаја непоразени да си заминат од ова гостување. „Жолтата подморница“ поведе во 18. минута со голот на Урнаут Данџума, а само две минути подоцна Маркос Лјоренте на асистенција на Антоан Гризман го израмни резултатот.

Вилјареал повторно поводе во 37. минута, кога Коке реагираше несмасно и ја погоди сопствената мрежа. Во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме, Александер Сорлот постигна гол на асистенција на Пабло Бариос и, како што се испостави, го постави конечниот резултат.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО