Ватерполо „тиранинот“ и стави крај блескавата тренерска кариера

Ратко Рудиќ ја заврши големата ватерполо тренерска кариера, поточно официјално се збогува по незаборавно, трофејно патешествие.

Рудиќ се прости на спектаклот на Корчула каде што во ревијален меч играа хрватската селекција која го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Лондон 2012 година и светската селекција.

Натпреварот заврши без побендик, 13:13 часот, а за тимот на Рудиќ играа Павиќ, Буриќ, Бошковиќ, Јоковиќ, Буљубашиќ, Муслим, Бушље, Сукно, Барач, Хиниќ, Обрадовиќ и Виќан. Во другиот тим играа ватерполистите од таа генерација, од Србија, Италија, Шпанија, Унгарија и Грција, предводени од Игор Милановиќ.

По што ќе остане запаметен Ратко Рудиќ? Рудиќ е роден во Белград, каде што мина голем дел од кариерата. Беше на чело на репрезентацијата на Југославија, и играч, тренер на помладите категории и на првиот тим на Партизан.

Неговиот татко Јаков бил офицер во ЈНА, а поради природата на работата семејството Рудиќ честопати се селело. Живееле во Риека, Сплит, Загреб и во Задар, каде што Ратко ги направил првите ватерполо чекори. Како сениир дебитирал во Јадран Сплит.

Подоцна, Ратко Рудиќ се преселил во Партизан, со кого освоил осум титули на Југославија, шест купа и две ЛШ, во 1974 и во 1975 година.

За репрезентацијата на Југославија настапил на 297 меча и имал големи успеси. Тој освоил две злата и едно сребро на Медитеранските игри, сребро и две бронзи на Европските првенства (ЕП), бронза на Светското првенство (СП) 1973 година и сребро на ОИ 1980 година.

Подеднакво беше успешен и како тренер, за што го доби и прекарот „тиранин“. Прекарот го добил поради силните, напорни тренинзи и поради дисциплината што ја барал од играчите.

Беше селектор на Југославија, Италија, САД, Хрватска и Бразил, а уште во играчките денови ги тренираше јуниорите на Партизан.

Тој беше вистинска ризница на трофеи. Како тренер освои четири олимписки злата со четири различни селекции и многу други медали. Важи и за основач на ватерполото во САД, кои ги напуштил на покана од поранешниот хрватски претседател, Стипе Месиќ.

Тој имаше триумфална серија и со Хрватите, со кои го освои златото на ОИ 2012 година, како и на СП 2007 година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО