Ѓоковиќ го собори рекордот на Надал

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ остана на втората позиција на АТП листата, а воедно го надмина рекордот на Рафаел Надал.

Денеска Ѓоковиќ го мина Надал според број на недели минати на првите две места на АТП листата. Ова ќе биде 597-ма недела за Новак во „топ 2“, Надал ќе остане на 596, а на третото место е Роџер Федерер, со 528 вакви недели.

Ѓоковиќ остана без 1.000 поени откако реши воопшто да не се појави во Синсинати, каде што требаше да ја брани титулата освоена лани. Карлос Алкараз имаше шанса да го престигне и да се најде на второто место, но изненадувачки, беше елиминиран во второто коло. Алкараз сега заостанува само 100 бода зад Ѓоковиќ.

На првото место е Италијанецот, Јаник Синер, а меѓу првите 10 тенисери нема промени. Останувањето на второто место пред САД опен (од 26 август до 8 септември) е добра работа за Ѓоковиќ бидејќи тоа значи дека нема да се сретне со Синер пред евентуалното финале.

АТП листа, То 10:

Јаник Синер (Италија) 9.410 поени
Новак Ѓоковиќ 7.460
Карлос Алкараз (Шпанија) 7.360
Александар Зверев (Германија) 7.035
Данил Медведев (Русија) 6.275
Андреј Рубљов (Русија) 4.805
Хуберт Хуркач (Полска) 4.055
Каспер Руд (Норвешка) 3.855
Григор Димитров (Бугарија) 3.655
Алекс де Манор (Австралија) 3.435
…..

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО