Најбогатиот спортист на светот: „Ѓоковиќ и Надал се одлични, но Федерер е над нив“!

Поранешниот романски тенисер, Јон Цирјак, кој е меѓу ретките спортисти, милијардери, му оддаде почит на Роџер Федерер и со изјавите малку ги „касна“ Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал!

Цирјак има 85 години и меѓу другото на балканските простори е познат и по тоа што е кум на Боба и на Брена Живојиновиќ. Пред неколку години неговиот имот беше проценет на две милијарди евра!

Цирјак во интервјуто за интернет порталот „Го сакаме тенисот“ (We Love Tennis) даде изјава за споменатите тројца тенисери, која ја пренесоа многу светски медиуми.

– Малку знам за Роџер Федерер, но тој секогаш ме почитуваше. Како и другите ѕвезди на турнирите, тој ме нарекува шеф.

Искрено мислам дека е навистина посебна категорија ако го споредиме со Надал или со Ѓоковиќ, на пример. Тој е играч кој измисли работи на тениските терен кои не постоеја.

Физички секогаш беше малку под Ѓоковиќ и Надал, но талентот што го имаше во рацете е неспорен, рече Цирјак.

Како Цирјак го стекна богатството? Роден е во Брашов, Трансилванија, на 9 мај 1939 година. На 15-годишна возраст работел во фабрика за камиони.

Потоа му било дозволено да работи шест часа дневно, наместо осум, за да може да игра хокеј, кој професионално го тренирал пред тенисот, па дури и учествувал на ЗОИ во Инсбрук 1964 година.

Подоцна се преселил во светот на тенисот, а подоцна почнува и неговата деловна кариера. Цирјак препознал што претставува падот на Берлинскиот ѕид, па се вратил во Романија по падот на режимот на Николае Чаушеску.

Тој бил свесен дека капиталот од Западот ќе дојде до сиромашните Романци, ги искористил своите контакти во Германија за да стане претставник на Метро АГ, потоа и на Мерцедес.

Натаму парите ги инвестирал во осигурителна компанија, во приватна банка (која му го донела најголемото богатство), авиокомпанија и туристичка агенција.

Денеска вработува околу 20.000 луѓе и е директор на Мастерс турнирот во Мадрид. Ѓоковиќ од него ја има изнајмено лиценцата за „Србија опен“, која повторно му била вратена во Букурешт.

Покрај бизнисот, Цирјак имал и бурен приватен живот. Живее во Монте Карло со три деца кои ги имал во брак, но самиот вели дека има 32 вонбрачни деца, а се грижи и за 300 напуштени деца на кои им изградил вистински мал приватен рај во Брашов.

Како играч победи во сингл во Минхен 1970 година, а истата година победи во двојки на Ролан Гарос. Беше поуспешен во двојки и таму освои вкупно 22 титули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО