Кинеската тенисерка, Џанг Шуаи беше поразена во 1.коло на ВТА турнирот во Синсинати, САД. Таа загуби од Русинката, Дијана Шнајдер во двата сета со 4:6, 4:6.
Оваа информација веројатно немаше да стигне до светските медиуми доколку поразената Кинеска не го собореше несаканиот апсолутен рекорд по број на последователни порази, во конкуренција на тенисерк(к)и, 22-ри по ред.
Нејзината негативна серија почна лани во февруари и до вчера беше идентична со онаа на Винс Спејд, пензионираниот американски тенисер, своевремено 18-ти во светот. Тој во периодот од октомври 1999 до јуни 2000 година, претрпе 21 последователен пораз.
Џанг Шуаи последната победа ја забележа на 31 јануари минатата година во 1. коло на турнирот во Лион, каде што беше подобра од Медисон Бренгл.
Оттогаш па досега, таа ги загуби првите мечеви на сите турнири на кои учествуваше. Поради ова 35-годишната тенисерка падна на 689-тао место на ВТА листата. Во јануари минатата година беше 22-ра!