Партизан и дефинитивно го прецртале Кабокло

Бразилскиот центар Бруно Кабокло дефинитивно нема да биде меѓу присутните на претставувањето на новиот тим на Партизан за сезоната 2024/25.

-Црно-белата симфонија“ како што го нарекоа настанот од клубот, на кој ќе бидат претставени сите нови засилувања, ќе биде на програната на 19 август од 20 часови во МТС салата.

Како што неофицијално дознаваат медиумите во соседството, на списокот пријавени играчи го нема Бруно Кабокло, кој тимот најверојатно го прецртал.

Кабокло нема да биде претставен за идната сезона, а освен Вања Маринковиќ, Ифе Лундберг и Френк Ниликин, за кои веќе се знае дека ќе бидат дел од тимот, ќе бидат претставени и следните имиња.

– Аријан Лекиќ, Стерлинг Браун, Карлик Џонс, Дуан Вашингтон, Марио Накиќ, Исак Бонга, Ајзе Мајк, Тајрик Џонс, Брендон Дејвис, Митар Бошнаковиќ и Алексеј Покушевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО