(ВИДЕО) Некои работи не се менуваат: Дебитираше во највисок ранг, и веднаш направи хаос

Арда Туран пред две години ја заврши професионалната кариера. Легендарното турско крило, по завршувањето на играчката ера влезе во тренерскиот свет.

Во април минатата година Туран ја презеде клупата на Ејупспор и направи феноменална работа во дебитантска работа на тренерско ниво. Минатата сезона го покори вториот ранг од турскиот фудбал и избори пласман во Супер лигата.

Сезонава ја отвори со ремито 1:1, на гости кај Аланијаспор, а Туран со потегот во 77. минута покажа дека некои работи остануваат засекогаш исти.

Турчинот влезе во расправија со главниот судија, зовре од лутина во тренерскиот простор и поради тоа доби директен црвен картон.

Но и тогаш не се смири, продолжи со протестите, и може да биде среќен доколку не добие посериозна последователна казна за однесувањето.

Arda Turan received a red card in his first match in Turkish Süper Lig as manager of Eyüpspor
byu/oklolzzzzs insoccer


Туран уште од играчките денови беше познат како „лошо момче“, имаше различни испади и надвор од теренот, честопати правеше проблеми поради „краткиот фитил“, а навести дека нема да биде поинаков ниту како тренер.

Во богатата играчка кариера, тој играше за Галатасарај, Манисаспор, Атлетико Мадрид, Барселона и Башакшехир. За турската репрезентација забележа 100 настапи и постигна 16 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО