Турски милионер купи словенечки клуб: „Сакаме да бидеме најголеми во регионот“!

Турскиот милионер, Ачун Иликали за еден месец и официјално ќе го преземе словенечкиот фудбалски клуб, Марибор.

– Нашата цел е да го создадеме најголемиот клуб во регионот, сакаме да бидеме поуспешни од Динамо и од Хајдук , изјави турскиот бизнисмен за словенечките медиуми.

Тој откри и како дошло до тоа негова следна деловна дестинација да биде клубот од мариборскиот „Људски врт“.

– Фудбалот е мојата страст. Барав нов предизвик во животот и верувам дека сум сопственик каков што му треба на Марибор.

Го сакам фудбалот и не дојдов овде само за пари. Барав клуб кој има средства и волја да го почне проектот. Можете да бидете среќни што го имате Александар Чеферин, изјавил Иликали.

Турскиот милионер е сопственик и на англискиот второлигаш Хал, а на прашањето дали има намера од Марибор да направи негова филијала вака одговори:

– Марибор мора да има свои успеси, нема да биде партнер клуб. Она што можам да го ветам е дека ќе работиме како што работевме во Хал, сакаме да бидеме успешни. Марибор игра во Европа и главната цел е да остане таму, вели Иликали (55), турски телевизиски водител, претприемач, меѓународен ТВ продуцент и бизнисмен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО