Сити на пенали го совлада Јунајтед и го освои првиот трофеј во новата сезона

Англискиот шампион, Манчестер сити триумфира во Комјунити шилд мечот против Манчестер јунајтед на Вембли, 1:1, 7:6, на пенали.

Јунајтед, победникот во ФА купот поведе со голот на Алехандро Гарначо во 82 минута, но Сити успеа да израмни преку Бернандо Силва во 89 минута, потоа да бие попрецизно од белата точка и да ја освои седмата титула во ова натпреварување. Јунајтед остана на 21 титула, што е рекорд.

Бруно Фернандеш го погоди првиот пенал за Јунајтед, а Бернардо Силва не беше прецизен за Сити. Диого Дало, Каземиро, Алехандро Гарначо, Скот Мектоминеј и Лисандро Мартинез потоа погодија за Јунајтед.

За Сити добри пеналџии беа Кевин Де Брујен, Ерлинг Халанд, Савио, Едерсон, Матеус Нуњес, Рубен Дијас и Мануел Аканџи. Трагичар на Јунајтед беше стоперот, Џони Еванс, кој шутираше над голот во осмата серија. Претходно промаши и Џејдон Санчо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО