Челси го купува Педро Нето за 63 милиони евра

Крилниот напаѓач на Вулверхемптон, Педро Нето, ќе се пресели во Челси за 60+3 милиони евра, објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Х.

Според Романо, 60 милиони евра ќе бидат исплатени како фиксен износ, а уште три милиони во форма на дополнителни бонус плаќања. Лекарскиот преглед на Нето треба да се изврши наскоро.

Нето минатата сезона настапи на 24 натпревари во сите конкуренции, на кои постигна три гола и имаше 11 асистенции. Нето има договор со Вулфс до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 55 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО