Македонските ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе бидат дел од полуфиналето на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Тие денеска ќе го судат мечот меѓу Германија и Шпанија што ќе се игра од 16.30 часот во Лил. „Панцирите“ и „фуријата“ се сретнаа и во групната фаза на ОИ, а и тој меч Николов и Начевски ја делеаа правдата!
Николов и Начевски на ОИ во Париз беа судии и на средбите: Данска – Норвешка, Словенија – Хрватска и Унгарија – Египет.