Американката го собори сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки

Американската атлетичарка, Сидни Меклафлин-Леврон го освои златниот медал на 400 метри со пречки на Олимписките игри (ОИ) во Париз, со време на нов светски рекорд, 50,37 секунди.

Освојувачката на златниот медал од Токио 2021-та, го подобри својот светски рекорд за 28 стотинки, постигнат во јуни годинава во Јуџин, САД.

Тоа беше трка што се очекуваше со посебно внимание во Париз. Судир меѓу олимписката победничка од Токио и светската рекордерка од една страна и Фемка Бол од Холандија, актуелната светска шампионка од Будимпешта 2023 година, од друга страна.

На крајот во трката доминираше 25-годишната Американка, која славеше со нов светски рекорд. Тоа е нејзино трето олимписко злато, по Токио и Париз на 400 метри со пречки, и во штафетата 4х400 метри во Токио.

Среброто го освои Американката, Ана Кокрел со 51,87 секунди, а бронзата Бол со време од 52,15 секунди, освојувајќи нова бронза, како и во Токио.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО