Марсеј и Арсенал не можат да се договорат за цената на Нкетија

Арсенал го цени својот напаѓач Едуард Нкетија на 30 милиони, додека Олимпик Марсеј продолжува со обидите да го ангажира. Играчот кој потекнува од академијата на Арсенал е главната цел на новиот француски тренер Роберто Де Зерби, бидејќи двата клуба започнаа разговори за потенцијален трансфер на Нкетија, пишува Дејли Меил.

Марсеј, сепак, не е подготвен да плати толкава сума, бидејќи сметаат дека 30 милиони фунти се премногу. Инаку, тимот од југот на Франција веќе ги договорил личните услови на играчот. Нкетија минатата сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и даде три асистенции, но најмногу влегуваше од клупата за резерви.

Во меѓувреме, Марсеј исто така ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Фулам, Андреас Переира. Бразилскиот плејмејкер ова лето привлече интерес од цела Европа, а претходно беше објавено дека Јувентус е меѓу клубовите заинтересирани за 28-годишниот Переира.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО