Мартин Карапалевски официјално нов ракометар на Ваљадолид

Македонскиот ракометар Мартин Карапалевски официјално е промовиран за нов член на шпанскиот клуб Ваљадолид.

Карапалевски од следната сезона ќе заигра повторно под тренерска палка на Давид Писонеро, со кој кратко соработуваше во Вардар.

Шпанскиот тренер побара од клубот да го обезбедат потписот на македонскиот среден бек за следната сезона и успеа во тоа.

-Среќен сум што ќе играм за тим со голема традиција и што ќе работам со Писонеро по пет години во Вардар. Ми се допаѓа шпанскиот систем, досега покрај со Писонеро работев и со Раул, Парондо и Дејвис на клупско и на репрезентативно ниво. Затоа го одбрав Ваљадолид, тука можам да растам како играч, изјави Карапалевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО