Фудбалер на Реал Мадрид ги скина лигаментите на мечот со Милан (ВИДЕО)

Шпанскиот и европски фудбалски шампион Реал Мадрид го загуби контролниот дуел со Милан во Чикаго, а овој натпревар по добро нема да го памети еден од помладите фудбалери во составот на актуелниот европски шампион.

19-годишниот Сезар Паласиос ги скинал лигаментите на коленото за време на натпреварот на американската турнеја и итно се вратил во Шпанија, каде итно ќе биде опериран и ќе започне со процес на рехабилитацијата.

Се работи за еден од најталентираните млади фудбалери на Реал и играч за кого се очекува да има иднина во првиот тим, исто како и Алваро Родригез, кој пак заработил повреда на зглобот на ногата на истиот натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО