Векиќ во големото финале: Ноќта пред полуфиналето, не спиев до 3 часот..

Хрватката Дона Векиќ, успеа да се пласира во големото финале, откако ја оствари победата на кариерата во полуфиналето на ОИ во Париз.

Таа настапи против словачката тенисерка Ана Каролина Шмидлова, која ја доби во нешто повеќе од еден час игра во два сета со 6-2, 6-0, на која не и дозволи многу простор за игра, односно само два гема. Мечот се играше на Филип Шатрие теренот.

Се и одеше од раце и им врати на навивачите за поддршката која ја имаше изминатиот период, па сега во финалето ќе игра за златен медал и гордост на хрватската нација.

– Ова е една од моите најголеми победи во кариерата, за оваа година најголема цел. Не знаев како се викам на почетокот од мечот, а ни на крајот. Толку нервоза, тоа во животот досега сум го немала. Одев поен по поен, се обидував да не мислам премногу, во вториот сет бев во своја тотална зона. Синоќа легнав во три, бев уморна кога се разбудив, но не дозволив заморот да ме надвладее пред мечот. Кога се игра за медал, заморот не е опција, порача Дона Векиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО